Search

Потпишан Меморандум за соработка меѓу МНР и Инфо центарот за евроатлантски интеграции

Министерството за надворешни работи и Инфо центарот за евроатлантски интеграции потпишаа Меморандум за соработка.

Со овој документ, кој беше потпишан денеска во министертвото од страна на министерот Никола Димитров и Дарко Алексов, извршниот директор на Граѓанската Асоцијација МОСТ која што го имплементира проектот Инфо центар за евроатлантски интеграции, ќе се воспостави меѓусебна соработка во интерес на промоција на евроатлантските интеграции која што ќе обезбеди простор за активен дијалог и дебата, како и организирање на промотивни настани и други активности, соопштија од МНР. Министерството за надворешни работи и Инфо центарот за евроатлантски интеграции ќе соработуваат на полето на информирање, промоција, едукација, обука, давање на помош при изработка на одредени проекти, анализи, предлози, како и други форми на размена на знаење и искуство во насока на истражување и развој од заеднички интерес. Исто така, преку склучувањето на овој Меморандум ќе се иницира соработка со други институции и претставништва во земјата и од странство, како и релевантни невладини организации, во давање поддршка за организирање настани, иницирање проекти, обезбедување стручни консултации, размена на искуства, но и спроведување на обуки за стручни доусовршувања од делокругот на евроатлантските политики, интеграциските процеси и соработка со посебен акцент на зачленувањето на Република Македонија во НАТО“, се наведува во соопштението на МНР.

Треба да знаете
Последни објави