Иско влезе во расправија со фановите на „Бернабеу“, Марсело со својата изјава уште толку го потопи соиграчот!

Иско Аларкон вчера за првпат доживеа сериозни свирежи од гледалиштето на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи недовербата која ја има кај новиот тренер Сантијаго Солари сега прерасна во голема фрустрација кај самиот фудбалер, која заврши со непосакувана сцена на теренот.

Реал Мадрид вчера претрпе историски пораз на домашен терен во Лигата на шампионите, а играчот на кого посебно му се навртеа навивачите на европскиот шампион беше токму Иско кој со своето прескромно и незаинтересирано издание го навлече гневот меѓу нив. Офанзивниот играч за врска дополнително ја разгоре ситуацијата бидејќи влезе во расправија со дел од фановите на „Бернабеу“, набрзо откако беше бурно исвиркан.

– Што сакате…., – им порача нервозниот Иско на фановите, а ваквата негова реакција воопшто не наиде на одобрување, и наидува на голема осуда на социјалните мрежи.

Во прилог не му оди и изјавата која ја даде Марсело по крајот на средбата, откривајќи дека Иско одбил да ја носи капитенската лента на Реал.

– Свирежите се јасен знак дека нешто не прави како што треба. И јас сум бил исвиркуван, фановите секогаш се во право и имаат право да не исвиркуваат. Не ја видов реакцијата на Иско, знам само дека се обидов да му ја дадам капитенската лента кога ја напуштав играта. Тој не го сакаше тоа и ми порача да му ја дадам на Карвахал. Не го знам мотивот за таквиот потег, – изјави заменикот капитен на Реал кој со својата изјава дополнително навлече негативни реакции на сметка на својот соиграч.

Треба да знаете
Последни објави