Search

Воз излета од шините во Турција – девет мртви и 46 повредени

Деветмина патници загинаа, а 46 се повредени која брзиот воз на линијата Анкара – Конја се судрил во машина за проверка на шините, соопшти кабинетот на градоначалникот на главниот град на Турција.

Во соопштението се наведува дека тројца од повредените се во критична состојба.

До несреќата дошло која возот налетал на специјалната машина, по што излетал од шините и удрил во преминот за пешаци. Во тек е истрага за да се утврди како возот и машината за проверка на шините се нашле на ист коловоз.

Треба да знаете
Последни објави