Search

Дебели казни за неодговорните сопственици на кучиња

Воведување на терминот одговорно сопствеништво, ставање ред на леглата со кучиња и мачки,
и намалување на бројот на бездомни кучиња се само дел од целите кои треба да ги исполнат измените на Законот за заштита и благосостојба на животните кои допрватреба да се донесат. Крајната цел е зајакнување на одговорното сопствеништво и намалување на бројот на бездомни кучиња и мачки.
Валентина Ангеловска
Потребата од изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните се прави со цел за унапредување на одговорното сопствеништво на домашните миленици. При спроведување и воспоствување на системот за контролата на популацијата на кучиња еден важен сегмент е неодговорното сопствеништво односно контрола на приливот на кучиња и мачки кои потекнуваат од сопственици кои имаат несакани легла или го напуштаат својот домашен миленик- стои во измените на Законот.
Во Агенцијата за храна велат дека со воспоставување на оваа мерка многу ќе се допринесе за зголемување на свеста на сопствениците на кучиња и мачки.
Идните сопственции пред да почнат да ги чуваат милениците треба добро да размислат дали имаат услови и дали навистина сакаат да чуваат домашен миленик и да се свесни за одговорностите и финансиските трошоци кои ќе ги имаат како сопственици на животни- стои во измените.
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните се воспоставува систем за регистрација на одгледувачници за домашни миленици од видовите куче и мачка. Со воспоставување на оваа мерка се очекува оние сопственици на домашни миленици кои не сакаат да го чуваат својот миленик за репродукција да го стерилизираат својот миленик. Крајната цел е зајакнување на одговорното сопствеништво и намалување на бројот на бездомни кучиња и мачки.
Треба да знаете
Последни објави