Search

Ѓоковиќ: Модриќ е гордост на регионот

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ му честиташе на играчот на „Реал Мадрид“, Лука Модриќ за освојувањето на „Златната топка”.

-Сите честитки за драгиот Лука Модриќ за освоената Златна топка. Апсолутно заслужено. Горд момент за нашиот регион, кој го доби најдобриот фудбалер на светот, напиша Србинот на Твитер.

Модриќ доби најмногу гласови во изборот на „Франс Фудбал” пред Кристијано Роналдо од „Јувентус“ и Антоан Гризман од „Атлетико Мадрид“.

Хрватот(33) го освои сребрениот медал на Светското првенство 2018 година и Лигата на шампионите со „Реал Мадрид“.

Треба да знаете
Последни објави