Search

Лоши навики што му штетат на вашиот сексуален живот

Има многу фактори што може негативно да влијаат врз вашиот сексуален живот, но некои од нив се стекнати лоши навики.

 

Ако мислите дека животниот стил не влијае врз нарушување на сексуалната желба и перформанс, се лажете.

Ослободете се од овие лоши навики и вратете ја страста и акцијата во спалната соба.

Нездрава исхрана

Ако поголемиот дел од вашето дневно мени се состои од брза и нездрава храна преку која внесувате рафинирани јаглехидрати, прости шеќери и заситени транс-масти, тоа може значително да ја забави циркулацијата на крвта во организмот, а за мажите тоа значи ослабена ерекција.

Премногу сол

Ако солената и конзервирана храна се редовни во вашата исхрана, евентуално ќе ви се покачи крвниот притисок, што може да го намали либидото.

Ја прескокнувате предиграта

Живееме во брзо време, но не се брзајте да завршите со сексот, туку уживајте во сите составни делови на сексуалниот чин, а тука спаѓа и предиграта. Резултатите од истражување во кое учествувале 8.700 мажи и жени покажале дека сексот траел подолго кога партнерите пред самиот акт користеле различни видови на стимулација. Оралниот секс и меѓусебната мастурбација за многу од нив била совршена комбинација.

Премногу пиете

Една чаша вино или пиво може да ви помогне да се опуштите, но преголеми количества алкохол може само да ви наштетат во спалната соба. Алкохолот во големи количини влијае врз ерекцијата кај мажот и ја намалува влажноста на вагината кај жената.

Пушење

Пушењето има многу негативни последици по човековото здравје. Во поглед на вашиот сексуален живот, никотинот и хемикалиите во цигарите ја намалуваат сексуалната желба кај жените и негативно влијаат врз ерекцијата кај мажите.

Треба да знаете
Последни објави