Раст на извозот од 23 проценти во првите десет месеци од годинава

Вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари – октомври годинава изнесува 5.734.882.000 долари (297.093.666.000 денари) и бележи пораст од 23 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во првите десет месеци од годинава е увезена стока во вредност од 7.490.571.000 долари, што е за 19,9  проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври годинава изнесува 1.755.690.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – октомври 2018 година, изнесува 76,7  проценти.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со  благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или  бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот, пак,  најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик,  неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик  на прав.

Во периодот јануари – октомври годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави