Search

Куп на Македонија: Победа ја елиминираше Шкендија

Фудбалерите на „Победа“ попладнево ја совлада „Шкендија“ со 2:0 во Купот на Македонија, и со тоа го елиминираа бранителот на титулата од понатамошната борба за трофејот. Јаник Макота даде по еден гол во двете полувремиња. Тимот од Прилеп славеше победа и на првиот натпревар во Тетово со 1:0.
Екипата на „Работнички“ по вторпат загуби од „Македонија ЃП“ и исто така е елиминирана во четвртфиналето на Купот. Македонија славеше со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Христијан Кировски. Првиот натпревар заврши со ист резултат.
„Беласица“, пак, со 2:0 победи против „Силекс“ и го потврди пласманот во полуфиналето. Стрелци на головите за домашниот тим беа Милушев и Ѓорѓиев.
Последен патник во полуфиналето е „Академија Пандев“, кој убедливо победи против „Кораб“ во Дебар со 6:1. Првиот меч исто така беше во корист за струмичани, кои победија со 3:1.
Треба да знаете
Последни објави