Богатите деца од сите делови на светот владеат на „Инстаграм“, а тука неочекувано се најдоа и богатите деца од Балканот.
Како што може да се види, расфрлувајќи се со парите што нивните родители ги стекнале на повеќе или помалку чесен начин тие се исти како и нивните богати врсници од светот.
Најомилен предмет на фалење им е скапиот автомобил, но тие сакаат да покажат и од каде се. Мерцедеси, поршеа, аудија и стотици евра им се заштитни знаци, а најмногу сакаат да позираат со знамиња и крстови.