Девојката призна дека со години гладувала и таа достигнала само четириесет килограми.
Сахар моментално ја следат повеќе од 400 000 посетители на социјалните мрежи, а фановите ја сакаат нејзината трансформација и шминка. Нејзина голема инспирација е ликот на „Мртвата невеста”, во кој таа често се претвора за да се фотографира.
Иранката сака своите фотографии дополнително да ги „дотера“ во Фотошоп, што е видливо бидејќи не е многу вешта во тоа.
Пред да отиде „под нож“ Сахар изгледала „просечно”, но тоа не ѝ се допаднало. Денес таа носи сини леќи, има два пирсинга во образите, има извршено бројни операции и носи перика. Нејзините следбеници ѝ кажуваат дека изгледа како зомби, и таа го прифаќа тоа со одушевување.
„Таа е вистински уметник, се забавува, ја поддржувам“, вели еден од нејзините обожаватели.
Сепак, Сахар има голем број критичари кои велат дека се „унаказила“.