Search

„Хуавеи“ ја претстави апликација преку која глувите лица ќе научат да читаат

„Хуавеи“ ја претстави апликацијата „СториСајн“ (StorySign) за Андроид, со која на глувите деца им се помага да научат да читаат.

Со насочување на телефонот кпон одредена детска книга, апликацијата почнува да преведува одделни зборови на знаковен јазик, користејќи вештачка интелегенција (ВИ), која движи анимиран аватар, кој пак ги покажува вистинските гестови. Така, апликацијата не само што им помаага на децата да учат да читаат, туку и ги учат и подобруваат знаењето на родителите на знаковниот јазик.

Апликацијата е целосно бесплатна за преземање од „ГуглПлеј“ и „ХуавеиЕпГалери“, па дури и не бара брендиран паметен телефон за работа. Во моментов има 10 јазици на знаковен јазик (вклучувајќи ги и повеќето европски јазици).

Изборот е ограничен, дури и во однос на книгите, па засега на секој јазик има само една поддржана детска книга.

Треба да знаете
Последни објави