Search

Петар уловил вистински ѕвер: Дали ова е најголемата дива свиња во светот?!

Петар уловил вистински ѕвер: Дали ова е најголемата дива свиња во светот?!

Петар Максимов од Чељабинск од Русија успеал да улови дива свиња од половина тон во шумите на Урал. Овој 36-годишен ловец, ловел во шумата во близина на селото Сокуров, ставил мамка и чекал да се појави свињата.
Не е познато што користел како мамка, но со тоа ја привлекол најголемата дива свиња кој некогаш ја  видел во животот.
По шокот се смирил и пукал во свињата, но не ја убил.
Ранетото животно побегнало во шумата, а Петар бил многу исплашен па повикал помош.
– Свињата беше толку голема, што не можевме да ја внесеме во автомобилот. Моравме да ја врземе со јаже и така да ја влечеме до селото. Кога стигнавме беше касно навечер, а луѓето во шок излегуваа од куќите и го гледаа животното, – изјавил Петар за руските медиуми.
Познато е дека дивите свињи во источна Европа можат да достигнат големина мечка и тежина над 270 килограми, но оваа свиња е несомнено една од најголемите членови на својот вид.
Треба да знаете
Последни објави