Search

Успешен настап на Омар Џафероски на фестивал во Литванија

Младиот македонскиот пејач, Омар Џафероски имаше забележителен настап на интернационалниот музички фестивал „Каунас Талент 2018“, во главниот град на Литванија, а кој годинава славеше јубилеј сто години. На фестивалот настапија интерпретатори од 26 држави, меѓу кои беше и Македонија.

Фестивалоте поделен на два дела, натпреварувачка и гала вечер на која се прогласуваат победниците. Првиот ден се пееја „Ин мемориам“ песни, односно нумера од починати музичари, а другата по слободен избор.

https://www.instagram.com/p/Bq14pNQlde4/?utm_source=ig_web_options_share_sheet

Омер Џафероски настапи со песната „Тајно моја“ на Тоше Проески, како и со „Listen“ на Бијонсе. На вечерашната гала вечера настапи со „This is a men`s world“ на Џејмс Браун. На гласњето со телевоутинг нашиот претставник заостана околу 30 гласа зад победникот, претставничката на Украина, што е одличен резултат ако се знае дека на фестивалот настапија повозрасни и поискусни пејачи.

Треба да знаете
Последни објави