Search

Тачи: И Белград и Приштина се спремни за договор

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека еден сеопфатен договор за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, по долгодишниот конфликт би ја затворил Пандорината кутија на Балканот и оцени дека двете страни се подготвени и сакаат да се дојде до договор.

Тој за време на разговорите во Атлантскиот совет во Вашингтон, изјави дека сегашниот момент е преседан за регионот и, како што рече, две суверени земји сакаат договор со кој се бара компромис.

„Понекогаш може да сте во право 100 проценти, но ако сакате да се дојде до договор ќе мора да бидат подготвени за компромис”, рече Тачи за време на преговорите кои ги предводеше потпретседател на Атлантскиот совет, Дејмон Вилсон.

Според него, времето истекува и сега е моментот за акција и за постигнување на решение.

„Ова е историски момент сите ќе бидат победници и Косово, и Србија, и ЕУ и регионот, но ако не го направиме тоа тогаш сите ние ќе бидеме губитници”, рече Тачи.

Треба да знаете
Последни објави