Search

Посетени работилниците за анимација на „Анимакс Скопје фест”: Децата сакаат да прават цртани филмови

Во Кинотеката на Македонија денеска завршува 8. Меѓународен филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје фест” под мотото „Не понекогаш. Засекогаш. Анимакс Скопје фест”.

Освен проекцијата на филмовите- 50 краткометражни и 12 филмови за деца во официјалната конкуренција, во рамки на фестивалот викендов беа организирани две работилници за анимација наменети за деца.

Работилница за анимација „Техника на анимација: цртеж на рака со компјутерска доработка во After Effects“ беше наменета за деца од 8 до 14 години. Ментори беа  Маријана М. Симовска и Илчо Симовски. Децата покажаа голем интерес за тоа како се прават цртаните филмови и активно улествувва во изработка на цртан филм, кој ќе имаат можност наскоро да го видат откако ќе заврши монтажата.

„Анимакс Скопје фест”  е во организација на продуцентската куќа „Аурипигмент”, во соработка со филмското училиште „Тинтири-Минтири” и Кинотека на Македонија и со поддршка од Агенција за филм и Град Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави