Search

Путин и Меркел разговараа за Сирија и инцидентот во Керч

Рускиот претседател, Владимир Путин и германската канцеларка, Ангела Меркел разговараа за ситуацијата во Сирија и за инцидентот во теснецот Керч, за време на работниот појадок на маргините од самитот на Г-20 во Буенос Аирес, соопшти германскиот портпарол на Владата, Стефан Зајберт.

„Фокусот беше ставен на ситуацијата во Сирија, како и ситуацијата меѓу Русија и Украина во теснецот Керч и Азовското Море”, напиша Зајберт на неговиот профил на социјалната мрежа „Твитер“ и притоа објави фотографија направена за време на состанокот на двајца лидери.

Треба да знаете
Последни објави