Search

По протестот во Париз уапсени 224 лица, затворени 20 метро станици

Најмалку 224 лица беа уапсени за време на протестот на движењто „Жолти елеци” во Париз.

Во францускиот главен град затворени се и околу дваесетина метро станици, како и неколку продавници во центарот на градот поради ескалација на протестите.

Според француските медиуми демонстрантите од полициски авотмобил успеале да украдат и автоматска пушка.

Француската полиција претходно употреби солзавец против демонстрантите во Париз, кои утрово се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон на Елисејската палата.

Во утринските часови пред Елисејската палата се собраа стотина луѓе, пришто беа распоредени илјадници припадници на полицијата.

Состанокот помеѓу францускиот премиер, Едуар Филип и претставниците на демонстрантите кои со недели протестираат против зголемувањето на таксите на горивата, вчера не вродија со плод. Организаторите рекоа дека добиваат закани и побараа разговорите да бидат пренесувани на телевизија во живо, но владата го одби предлогот.

Треба да знаете
Последни објави