Search

Поседувањето многу играчки влијае негативно врз малите деца

Поседувањето многу играчки влијае негативно врз малите деца

Во едно неодамнешно истражување на американскиот универзитет во Толедо истражувачите заклучија дека изобилството играчки го намалува квалитетот на игра и дека помалку играчки се покорисни за детето. Кога се претрупани, не можат да се фокусираат на играта и на она што можат да го научат.

Водителот на истражувањето, д-р Карли Даухт, истакна дека децата од истражувањето кои добија само четири играчки долго време беа концентрирани на секоја од нив, подолго се играа и беа покреативни во осмислување на игри, за разлика од оние кои добиле 16 играчки и кои само шетале од една до друга играчка.

Многу истражувања покажаа дека децата кои очекуваат многу скапи подароци може да доживеат негативни социјални и емоционални последици, кои се протегаат и во зрелата возраст.

Едно такво истражување беше спроведено на американскиот универзитет во Мисури, и во заклучокот стои е дека овие деца често, кога ќе пораснат, се склони на долгови на кредитната картичка, на коцкање, на компулсивно купување и ненаситност во храната.

Треба да знаете
Последни објави