Search

Мицкоски: Народна Банка го демантираше Заев за растот на инвестиции

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски продолжи на Фејсбук да го критикува премиерот Зоран Заев, овојпат за економската состојба. Мицкоски на својот профил напиша дека не поминале 24 часа, а демантот за лажната надеж на Заев за раст на странските директни инвестиции вчера стигна од НБРМ.

-Во третото тромесечие наместо раст имаме одлив на странски инвестиции и минусно салдо. Црн минусен биланс и одлив на странски директни инвестиции. Завчера премиерот Заев во Собранието изјави дека Странските директни инвестиции во 2018 година ќе ги надминеле претходните три години од владеењето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој укажа дека во првите два квартали странските директни инвестиции биле добри, а во наредниот период ќе биле уште подобри.
Вчера веќе стигна демант од Народната Банка на Република Македонија, напиша Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1116282051880586

Треба да знаете
Последни објави