Икарди: Сакам да освојам трофеј со Интер, сега не е моментот за трансфер во Реал

Капитенот на Интер, Мауро Икарди, во интервју за „Кориере дело Спорт” одговори на доста интересни прашања, од кои едно беше за интересот од Реал Мадрид до него.

– Имам јасни цели. Првата беше да играм во Лигата на шампионите и јас го постигнав тоа. Втората е да освоиме трофеј со Интер. Кога ќе дојде време, ќе потпишам нов договор со Интер. Интерес од Реал Мадрид? Сега не е вистинскиот момент. Се чувствувам добро во Интер, изјави аргентинецот.

Тој додаде дека ќе се обидат да ја победат Рома во претостојниот натпревар, бидејќи при евентуален пораз, заостанувњето од Јувентус и Наполи ќе биде значително.

Треба да знаете
Последни објави