Search

Земјотрес со јачина од 6,5 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа на брегот на островот Танимбар во Индонезија, соопшти американскиот геолошки институт.

Како што наведуваат во нивното соопштение епицентарот на земјотресот бил 279 километри западно од градот Самлаки на островот Танимбар.

Засега нема информации за повредени или загинати во земјотресот, ниту пак дали е причинета поголема материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави