Експлозија во Франција, две лица исчезнаа

Две лица се водат за исчезнати при експлозија најверојатно предизвикана од истекување на гас, во зграда во Анесиј, наведуваат спасувачите.

Како исчзнат се води брачен пар, во чиј што стан дошло до експлозијата на првиот кат од трокатницата.

Пет станари и еден пожарникар се полесно повредени и префрлени во болница, додека 13 станари се неповредени.

Локалниот весник „Дофене Либере“ наведува дека експлозијата го разбудила целиот кварт и предизвикала пожар што бил локализиран од страна на пожарникарите.

Треба да знаете
Последни објави