Search

СДСМ:Нелегалното следење и прислушување беше одлика на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, институциите ќе го расчистат случајот кој убедени сме дека е остаток од минатото

Антинaродното ВМРО-ДПМНЕ е симбол за системско погазување на човековите права и слободи.

Граѓаните, целата домашна и меѓународна јавност многу добро знае кој со години нелегално прислушуваше десетици илјади граѓани: режимот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Очигледно е, случајот со снимените телефонски разговори во Основното јавно обвинителство е остаток од минатото и минатите владејачки недемократски структури предводени од ВМРО-ДПМНЕ.

Нелегалното прислушување и системското прекршување на правата и слободите на граѓаните беше нивна одлика.

Од таквите криминални и антинародни политики, Христијан Мицкоски никогаш ниту се огради, ниту се извини, ниту пак некогаш ги осуди. Напротив, тој прави се за да го одбрани Никола Груевски и неговиот криминал.

СДСМ очекува од сите надлежни институции до крај да го расчистат овој случај. Убедени сме,виновниците за нелегалното прислушување ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани.

Треба да знаете
Последни објави