Search

Пресврт на „Бешикташ“ против „Сарпсборг“, два автогола на „Дуделанж“ против „Милан“

Фудбалерите на „Ајнтрахт“ и на „Челзи“ ја продолжија серијата победи вечерва во Лига Европа, петата во низа и со идентичен резултат триумфираа со 4:0 против „Олимпик“ Марсеј и ПАОК. Претходно во мечевите одиграни во терминот од 18.55 часот важна победи оствари „Милан“, а загребски „Динамо“ одигра реми во Истанбул, иако беше тешко оштетен од судијата, но сепак по петте кола е без пораз.

„Челзи“ во групата Л триумфираше со головите на Жиру (два), Хадсон и Алваро Мората. „Бате Борисов“ го победи „Мол Види“ со 2:0.Тимот од Лондон е лидер со 15 бода и веќе е во следната фаза, а неизвесно е кој ќе биде вториот патник од групата.  „Бате“ и „Мол“ имаат по 6 бодови, ПАОК е последен со 3.

Во групата Х „Лацио“ загуби на гостувањето кај Аполон со 2:0, но тоа не влијаеше бидејки тие заедно со „Ајнтрахт“, кој го победи убедливо „Марсеј“ се веќе во следната фаза од Лига Европа.

Во групата Г „Ренџерс“ и „Вилјареал“ одиграа 0:0, а „Сптак“ Москва загуби 1:2 од „Рапид“. Оваа група останува неизвесна до последното коло, бидејќи „Вилјареал“ и „Рапид“ имаат по 7 бодови, „Ренџерс“ 6, а „Спартак“  5 бодови.

Во групата И исто така голема неизвесност пред последното коло, „Бешикташ“ по 2:0 на полувремето славеше 2:3 против „Сарпсборг“ и донесе неизвесност во групата И. Сега е втор со 7 бодови, еден помалку од водечкиот „Генк“ кој одигра 2:2 во Шведска кај „Малме“. Швеѓаните се третопласирани со 6, а „Сарпсборг“ последен со 5 бода.

Во групата Д „Динамо“ веќе во минатото коло обезбеди пласман во следната фаза, па по ремито 0:0 против „Фенербахче“ само го зголеми бодовното салдо. Хрватите беа оштетени за пенал и за поништн гол, но за нивн среќа тоа не влијаеше на пласманот во групата каде „Андерлехт“ и „Спартак“ Трнава одиграа истот така без голови. Бодот за Турците им донесе пласман во следната фаза бидејќи имаат 8, четири повеќе од Спартак“.

„Милан“ пред своите навивачи славеше против „Дуделанж“ со 5:2 во натпревар во кој гостите си дадоа два гола. Во вториот натправар од групата Ф „Бетис“ го совлада „Олипмијакос“ со 1:0. Лидер вво гупата е „Бетис“ со 11 бода, „Милан“ сега е втор со десет, а „Олимпијакос“ е трет со седум и во последното коло игра со Италијанците.

Треба да знаете
Последни објави