Search

Полицајци скриеле пријава од граѓанин кој бил претепан од сопственикот на кафулето во кое работел

Двајца полицајци скриле пријава од граѓанин, кој бил претепан од синот на сопственикот на кафе-барот во кој работел и го оневозможиле да ја истера правдата до крај, информираат од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против  лицата З.К. полициски службеник во Полициско одделение- Ропотово и Џ.К. полициски службеник во ПС ОН Бит Пазар, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување “ по член 353  став 1 од КЗ на РМ.

Според полицијата, З.К. на 24.08.2012 година со искористување на својата положба, односно со неизвршување на својата службена должност по пријавување на физички напад од страна на лице од Прилеп, постапил спротивно Правилникот за  вршење на полициските работи, односно пријавата не ја документирал на записник со што случајот не бил процесуиран за преземање на понатамошни мерки.

-Имено, на 18.08.2012 година, околу 16  часот, додека оштетениот работел во кафе бар лоциран во трговски центар во Скопје, бил физички нападнат од страна на синот на сопственикот на кафе барот. Наредниот ден тој се јавил на лекар и случајот го пријавил во ПС ОН Прилеп, кај полицискиот службеник З.К., при што му било кажано дека ќе бидат преземени соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.  Второпријавениот, К.Џ., во својство на службено лице со искористување на својата службена положба, односно неизвршување на својата службена должност, не постапил по барање од ОЈО Скопје, со цел да го прикрие физичкиот напад. Со непреземање на службените мерки и дејствија полициските службеници му оневозможиле на оштетениот да ги оствари своите понатамошни права, информираат од МВР. 

Треба да знаете
Последни објави