Search

Во Египет откриени осум мумии

Во Египет беа откриени осум антички мумии во кофчези изработени од варовник.

Саркофазите, украсени со насликани човечки форми биле пронајдени во југоисточниот дел од пирамидаа на кралот Аменемат II во Дахшурската некропола, близу Големите пирамиди во Гиза, а истите датираат од фараонскиот период (од 32 п.н.е. до 332 п.н.е.).

Египетското Министерство за антиквитети го објави откривањето на неговата страница на Фејсбук на којашто генералниот секретар на Врховниот совет за антиквитети Мостафа Вазири,  објасни дека три од мумиите се во добра состојба.

Мумиите биле поставени во складиштето на Дахшур за конзервација. Фотографиите од пронајдените мумии ќе бидат изложени во музеите што ќе бидат отворени во Хургада и Шарм ел Шеик.

Треба да знаете
Последни објави