Search

Љубе Бошкоски на средби со европратеници во Брисел

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, присуствуваше на советувањето за инвестиции во здравствениот туризам во Брисел.

Како што соопштија од партијата, Бошкоски во Европарламентот имал средби со повеќе европратеници од центар-десниот политички спектар: Ружа Томашиќ и Алојзе Петерле на кои разговарал за ситуацијата во Македонија и за нејзината иднина во европското семејство.

„Тие дадоа целосна поддршка на нашата земја во евроатлантските интеграции“, се вели во соопштението.

Бошкоски во текот на следниот период ќе има повеќе средби со европски политичари од политичкиот десен спектар.

Треба да знаете
Последни објави