Search

Трамп: Мојот поранешен адвокат е лажго

Американскиот претседател, Доналд Трамп, негира дека градел кула во Москва, проект кој, според тврдењата на неговиот поранешен адвокат, Мајкл Коен, продолжил сè до јуни 2016 година во текот на претседателската кампања во САД.

Коен, кој беше долгогодишен адвокат на Трамп, изјави дека лажел во Конгресот во истрагата за улогата на Русија во претседателските избори во 2016 година на кои победи Трамп. На ова, Трамп рече дека Коен лаже за проектот со недвижнините за да добие поблага казна.

Тој на новинарите пред Белата куќа на заминување во Аргентина на самитот Г20 им рече дека одлучил да не гради зграда во Москва, но не рекол кога ја донел таквата одлука.

Исто така, Трамп рекол дека Коен не е претерано паметен човек. „Ако се борам за претседателско место, тоа не значи дека не смеам да се занимавам со бизнис“, рекол Трамп.

Треба да знаете
Последни објави