Search

Порошенко за одлуката на Трамп: Така прават големите лидери

Украинскиот претседател, Петро Порошенко, реагираше на одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја откаже средбата со рускиот лидер Владимир Путин.

„Така прават големите лидери“, напиша Порошенко на „Твитер“.

Трамп и Путин требаше да се сретнат в сабота на маргините на самитот Г20 во Аргентина.

„Со оглед на фактот дека бродовите и морнарите не се вратени од Русија во Украина, одлучив дека за сите би било најдобро да го откажам закажаниот состанок во Аргентина со претседателот Владимир Путин. Со нетрпение го очекувам значајниот самит веднаш штом оваа ситуација биде решена“, напиша Трамп на „Твитер“.

Треба да знаете
Последни објави