Search

Како некогаш се славеше 29 ноември- два слободни дена за Заседанието на АВНОЈ и „свињокољ“

Денес е 29 ноември, Ден на републиката, Титовите пионери во сите градови низ државата даваат заклетва и одржуваат приредби, се слави на сите плоштади, а во скоро секоја селска куќа се коле свиња“.

Валентина Ангеловска

Не е извадок од некој стар филм туку само реплика од најавата на вестите на скоро сите телевизии од пред тресетина години кога се живееше во Југославија.  За постарите- „ југо носталгија“, за помладите непостоечки празник.

За два дена колку што се славеше пазникот само се пиеше и јадеше. Затворени фабрики, пусти улици бидејќи никој не работеше, најмладите ученици стануваа пионери. Но најбитна сепак беше секако „свинската слава“. Се разбира семејни собири, скара и топење чварки.

Децата во прво одделение даваа свечена заклетва, со пионерски капи и марами, и за прв пат во својот живот се заколнаа на заветот на некогаш моќната држава- Југославија. Сепак, по распадот на поранешната СФРЈ, овој најголем национален празник престанаа да го слават сите поранешни републики. Последна меѓу нив беше Србија, каде што последен пат овој датум беше одбележан во 2001 година.

За нас Македонците празникот е скоро заборавен, а за оние што се родени по 1980-тите речиси ништо не значи. Сепак, сè уште постојат ентузијасти и југоносталгичари кои го спомнуваат, бидејќи тој за нив е асоцијација за да имаат подобар, порелаксиран и полесен живот во една голема земја.

Но што се славеше всушност на овој ден освен свинското месо?

Ако прогуглате ќе видите дека два дена се славело создавањето на Југослаија. Имено на овој дена се одржало Второто заседание на АВНОЈ на 29 и 30 ноември 1943 во градот Јајце. На ова заседание бил донесен и усвоен Национален комитет за ослободување на Југославија. Исто така бил направен план за изработување на уставот на идната Југославија како федеративна и демократска држава и признавање на националните права на сите нејзини народи. На ова заседание на АВНОЈ присуствувале 142 делегати. Основа за второто заседание на АВНОЈ било:

-Создавање на федеративна Југославија, во која било планирано да живеат јужнословенските народи: Македонци, Срби, Хрвати, Словенци и Црногорци.

-На Тито му била додадена придавката маршал на Југославија

-Секако да не го заборавиме и обавезното колење свињи

Треба да знаете
Последни објави