Search

Ќе добијат ли граѓаните универзален снабдувач на струја?

Неколку денови пред истекот на рокот од Регулаторната вела дека не располагаат со податоци за тоа колку компании и кои до сега се пријавиле на огласот за универзален снабдувач со електрична енергија. Универзален снабдувач ќе се бира еднаш на пет години, а во случај тендерот да не е успешен ќе важат сегашните правила за снабдување со струја.

Валентина Ангеловска

Во понеделник на трети декември завршува тендерот за избор на универзален снабдувач на струја за домаќинствата. Од регулаорна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија велат дека на тендерот може да учествуваат сите 28 домашни лиценцирани снабдувачи на струја во соработка со други компании од државата и странство. Неколку денови пред истекот на рокот од Регулаторната велат дека не располагаат со податоци за тоа колку компании и кои од нив до сега се пријавиле на огласот. Но се надеваат дека изборот ќе заврши до крајот на годината. Ако се избере фирма таа со работа треба да почне од први март следната година.Таа треба да ги снабдува домаќинствата со струја и да им испорачува сметки. Универзален снабдувач ќе се бира еднаш на пет години, а во случај тендерот да е неуспешен ќе важат сегашните правила за снабдување со струја.

  Ве информираме дека, согласно член 237 став 7 од Законот за енергетика, постојниот снабдувач со електрична енергија во краен случај и снабдувачот со електрична енергија на тарифни потрошувачи, ќе ги врши обврските утврдени во лиценците издадени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија до денот на издавање на лиценцата на универзалниот снабдувач. Односно, доколку по спроведување на тендерската постапка не биде избран универзалниот снабдувач во рокот утврден со одлуката за спроведување на тендерска постапка за избор на универзален снабдувач, Владата во рок од три месеци од завршување на првата постапка започнува нова тендерска постапка по пат на јавен повик за избор на универзален снабдувач.

Во случај и втората тендерска постапка да не успее, Владата, по добиено мислење од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија, донесува одлука за назначување на универзален снабдувач во која ги утврдува сите услови за исполнување на обврската за универзална услуга- велат во Регулаторна.

Фирмите кои планираат да се јават на тендерот треба да имаат финансиски капацитет од најмалку 20 милиони евра и развиен систем за испорачување сметки. Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) во наредните пет години треба да биде столб на заштита на цената на струјата за граѓаните. Тоа ќе го прави со тоа што ќе дава одреден процент од производството на универзалниот снабдувач. Евтината тарифа за домаќинствата и натаму ќе важи, а од Владата очекуваат цената на струјата да остане во сегашниот просек од 72 евра по мегават час. Според законт ЕЛЕМ следната година 80 отсто од произведената струја треба да ја даде на универзалниот снабдувач, и секоја година тој процент да се намалува за 10 отсто, така што во 2025 година ЕЛЕМ ќе биде обврзана 30 отсто од произведената струја да ја дава на универзалниот снабдувач.

Треба да знаете
Последни објави