Search

Чувар во „Ржаново“ пронајден мртов

Кавадарчанец вработен како чувар во рудник „Ржаново“ бил пронајден мртов, информираше МВР.

Според полицијата, вчера во 13.20 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека пред чуварата на рудникот бил пронајден чуварот М.С.(61) од Кавадарци.

Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави