Search

Украина објави нова локација, тврди дека бродовите не биле на руска територија

Украина денеска ја објави локацијата на која се наоѓале нејзините бродови кога руската крајбрежна стража отворила оган и ги запленила, а за кои Киев тврди дека се наоѓале на меѓународни води.

Со оваа изјава, украинските официјални лица се спротивставија на руските тврдења дека украинските бродови ги повредиле руските територијални води во близина на Крим.

Украинското министерство денеска објави наводни точни координати на воените бродовите во моментот на конфликтот со руските бродови, според кои тие се наоѓале надвор од зоната на територијалните води.

Руската крајбрежна стража ги заплени бродовите, а руските власти наведоа дека на членовите на екипажот ќе им биде судено поради нарушување на руската граница. Москва додаде дека тие не се сметаат за воени заробеници.

Треба да знаете
Последни објави