Search

ТХП побара Аднан Ќахил да биде разрешен од министерската функција

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) го исклучи Аднан Ќахил од партијата и побара од премиерот Зоран Заев негово разрешување од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции.

„Ваквата одлука е природен епилог кој произлегува од неприципиелното делување на Ќахил, кој не само што ги отфрла програмските одредби и статутот на ТХП, туку и со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува. Статутот и вредностите на ТХП наложуваат исклучување на секој член кој ќе работи спротивно од интересите на партијата“, велат од партијата.

Истовремено, додаваат од таму, санкционирани се и другите членови кои беа инволвирани на слични противстатутарни акти.

„Со оваа одлука раководството на ТХП уште еднаш на дело покажува дека и во понатамошното делување ќе има нулта толеранција на деструктивни личности и несовесно работење“, велат од партијата.

Треба да знаете
Последни објави