Search

САД ги повикуваат европските земји да направат повеќе за да ѝ помогнат на Украина

Европските земји мораат да сторат повеќе за да ѝ помогнат на Украина во конфликтот со Русија поради Крим, рече во вторникот портпаролката на американската дипломатија, Хедер Науер.

Односите меѓу двете земји се многу напнати бидејќи руската крајбрежна стража во неделата во близина на Крим заплени три украински воени бродови.

Во понеделникот, САД објавија дека рускиот чин е противзаконски.

Станува збор за сериозна ескалација и опасен конфликт меѓу Москва и Киев, предупреди Науер во вторникот.

Таа рече дека ситуацијата сигурно ќе биде на дневен ред на состанокот на министрите на НАТО, на кој наредната во Брисел треба да присуствува и државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Би сакале нашите европски сојузници да сторат повеќе за да ѝ помогнат на Украина“, рече портпаролката на Стејт департментот. „Владата на САД презеде цврст став за да и помогне на Украина ѝ би сакале и другите земји да сторат повеќе, за САД да не го решаваат ова прашање речиси самостојно“, додаде таа.

Според нејзините зборови, санкциите кои европските влади ги вовеле кон Русија поради анексијата на Крим и нејзината улога во Украина не секогаш се целосно применети.

Хедер Науер, исто така, го спомена и проектот за гасоводот „Северен ток 2“ кој Русија треба да ја поврзе со Германија, заобиколувајќи ги Полска и Украина, преку кои во моментов се спроведува рускиот гас.

Германија тврди, а во тоа ја поддржуваат и Франција и Австрија, дека проектот ќе овозможи постабилно и поевтино снабдување со гас. Но, американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати го критикуваше овој проект.

Треба да знаете
Последни објави