Search

Прегазена пензионерка во Скопје

Скопјанка била тешко повредена откако била прегазена од автомобил, вчера во населбата Кисела Вода, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 12 часот на крстосницата од улиците Борис Трајковски и Народни херои. Тогаш  А.Б.(29) од Скопје, управувајќи товарно моторно возило „фолксваген кеди“ удрил во В.К.(74) од Скопје.

Старицата со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави