Search

Почина креаторот на „Сунѓерот Боб“

Стивен Хиленберг, креаторот на серијата цртани филмови „Сунѓерот Боб“, почина на 58-годишна возраст.

Веста ја објави телевизиската мрежа „Никелодеон“, која премиерно ја емитуваше популарната серија.

Тој починал во понеделникот од амиотрофична латерална склероза. Болеста му била дијагностицирана во март минатата година.

Хиленберг бил роден на 21 август 1961 година, пораснал во Калифорнија, а анимираната серија што го прослави започнал да ја развива во 1996 година.

Треба да знаете
Последни објави