Search

Порошенко: Русија ја зајакнува армијата на границата, се заканува војна

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, рече дека Русија драстично го зголемила своето воено присуство на границата со Украина.

Тој рече дека неговата земја е загрозена од војна со Москва.

Бројот на тенкови во базите долж границата е тројно зголемен. Бројот на воени единици распоредени по должината на границата драстично се зголеми”, изјави Порошенко, но не прецизираше во кој период се случило тоа.

Тој, исто така, повикувајќи се на разузнавачки информации, изјави дека е зголемен и бројот на руските воени бродови во Азовското море и дека руската војска го зголемила своето присуство на Крим.

Според него, од 2014 година на Крим „тројно е зголемен бројот на војници, бројот на оклопни возила е пет пати поголем од претхоно.“

„Не сакам никој да мисли дека ова се детски игри. Украина се соочува со закана од целосна војна против Русија”, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави