Search

Експлозија во близина на хемиска фабрика во Кина

Најмалку 22 лица загинаа, а исто толку се повредени при експлозија во близина на хемиска фабрика во северната кинеска провинција Хебеи.

На видео снимката, објавена на државната телевизија се гледа црн чад и пламен, како и изгорени автомобили и камиони долж улицата, пренесе „Ројтерс“.

Огнот зафати 50 возила, а како што се наведува, поради експлозијата стопирано е производството во фабриката за хемиска индустрија што се наоѓа во близина.

Кинеските медиуми пренесуваат дека пожарот е изгаснат.

Треба да знаете
Последни објави