Search

Во викендичка во Берово пронајдени 185 килограми марихуана

Полицијата во викендичка на струмичанец во Берово пронашла 185 килограми марихуана, информираше МВР.

-Дрогата е пронајдена  на 27.11.2018 година, во време од 19.40 часот до 21.30 часот, во викенд куќа на место викано „Суви Лаки“, атар на општина Берово, сопственост на лицето: М.П (63) од Струмица, а која ја користи и неговиот син М.П.(21) од  Струмица. Врз основа на Наредба од Судија на претходна постапка при Основен суд – Берово,  извршен е претрес на дом и помошни простории. При што во помошна просторија (остава-шупа), пронајдена е марихуана спакувана во  18 полиетиленски кеси со маса од околку 185 килограми, велат од МВР.

По превземените истражни дејствија, во викенд куќата исто така пронајдена е марихуана. Лицето  М.П (21) од Струмица е лишено од слобода и задржано во СВР Струмица.
СВР Струмица работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави