Ќерката на Џеки Чен се омажи за 12 години постара девојка

Ќерката на актерот Џеки Чен (64), Ета Нг (19) се омажи за Ени Отомн (31), пишува „Би-би-си“. Девојките се заедно од 2017 година, и среќните вести за бракот ги споделија на социјалните мрежи.

Тие се венчале во Канада, но ќе продолжат да живеат во Хонгконг. Девојките во април јавно побараа помош преку „Јутјуб“, тврдејќи дека се бездомнички поради нивните хомофобични родители. Тогаш мајката на Ета Нг рече дека девојките треба да си најдат работа и да не се потпираат на славата на нивните родители. Ета е единствената ќерка на Џеки Чан, која ја доби со актерката и поранешна азиска убавица Елен Нг Џи (45), со која имал кратка врска. Но, Ета пораснала само со својата мајка, а Џеки никогаш не бил во контакт со неа.Чен е во брак од 1982 година со Лин Фенг Џио (65), со која го има синот Џејси Чан (35), кој исто така е актер.

Треба да знаете
Последни објави