Отпушоци, пластика и влажни марамчиња оставаат туристите на плажите на Халкидики

Отпушоци, пластика и влажни марамчиња, оставаат зад себе туристите на плажите на Халкидики, според извештајот на грчката еколошка организација „ајСи” (iSea).

Со помош на 550 волонтери, во текот на 2018, при чистењето на плажите во Северна Грција биле собрани околу 2800 килограми отпад, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

-При чистењето на плажите на Халкидики најдовме отпад што зад себе го оставаат, главно, туристите, како што се многу отпушоци закопани во песок, шишиња и влажни марамчиња што содржат микропластика, вели за грчката новинска агенција АНА-МПА, Никос Дубас од еколошката организација, јави дописничката на МИА од Атина.

Тој објаснува дека при нивната акција, во другите делови во Грција отпадот што го собрале во најголем дел бил поврзан со рибарењето. Во околината на Солун, нашле мрежи и пластични јажиња кои што се користат за школки, а при чистењето на плажите на грчките острови Тасос, Самотраки и Лезбос, „уловиле” стиропор што рибарите го користат за кутиите во кои ги чуваат уловените риби.

Дубас од грчката еколошка организација „ајСи”, објаснува дека сите акции за чистење се во договор со општините кои што обезбедуваат канти за отпадоци, во кои се прави селекција на отпадот што може да се рециклира.

Треба да знаете
Последни објави