Ќе се менува Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Ќе се менува законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Државата утврдила потреба за преуредување на националниот систем за слободен пристап до информации особено со воспоставување на нова организациона поставеност и јасни надлежности на институцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Олеснување на остварувањето на правото физичките и правните лица на слободен пристап до информации од јавен карактер и реформиран систем за слободен пристап до информации од јавен карактер се само дел од целите кои треба да ги исполни новиот закон. Исто така теба да се направи имплементација на добиени препораки за унапредување на пристапот до информации од јавен карактер и за реорганизација на институционална рамка- стои во образложението поради кое се менува Законот. 
Според досегашниот закон секое поставено прашање мораше да се одговори за 30 дена. Но ретко кога новинарите ги добиваа одговорите. Рокот е премногу долг, а информацијата и да се добие застарена.
Според досегашниот закон единствено нешто што треба да направите е да пополните образец на кој треба да го напишете прашањето или информацијата што ја барате. Треба да наведете и во каква форма ја барате и како истата да ви биде испратена.Потоа единствено што ви преостанува е да чекате. „Само“ 30 дена за кои институцијата мора да ви одговори дали ќе ви ја даде информацијата или не.
(В.А.)
Треба да знаете
Последни објави