Стоилковски: Ако Македонија не добие препорака за ЕУ, виновен ќе биде Заев

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изјави дека доколку земјата не добие препорака од ЕУ, што според него е многу веројатно дека ќе се случи, тогаш тоа ќе биде по вина на премиерот Зоран Заев. Опозицијата смета дека препораката е неизвесна поради тендерите, судството, политичкиот прогон и непотизмот.

Почитувани со здравје да си ги трошите 500 евра просечна плата, најголемата црна лага на оваа власт! И притоа, виновни сте за оваа црна власт. Дамјан Манчевски министерот за партизација на администрацијата, кој откако Заев ја натрупа администрацијата со се’ непотребно и некадарно партиско внатре, сега се заканува, и признава, дека нема 500 евра плата. Нема 500 евра плата освен ако не сте од оние напикани во М-НАВ или другите партиски агенции. Нема 500 евра плата и виновни сте за Кацарска судството, за партизацијата, за црното здравство, за се’, за немањето еден реформски зафат на оваа криминогена црна власт“, рече Стоилковски.

Тој додаде дека Манчевски порачал дека ако нема ЕУ преговори нема ниту плата.

Стоилковски додаде дека доколку Македонија не добие препорака, „Заев и неговата банда мора итно да поднесат оставки, а не да ја казнуваат администрацијата“.

Треба да знаете
Последни објави