Средба на Спасовски со бугарскиот колега Маринов

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој учествува на Министерскиот Форум на службите за внатрешна контрола од регионот што се одржува во Софија, денеска имаше работна средба со министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Младен Маринов.

На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка и изразија подготвеност за натамошен развој и унапредување на соработката.

Комуникацијата меѓу нашите земји е одлична и ние сме подготвени да ви помогнеме на патот кон Европа, рече бугарскиот министер за внатрешни работи Младен Маринов.

Министерот Спасовски потенцираше дека од големо значење е добрата соработка меѓу полициите од двете земји, додавајќи дека Република Македонија очекува помош од Република Бугарија на патот кон остварувањето на својата цел- членство во НАТО и ЕУ.

,

Треба да знаете
Последни објави