Search

Сакал да прошверцува девет килограми сребро од Турција

Цариниците на Аеродромот Скопје минатата недела спречиле шверц на девет килограми сребро, како и на еден рачен часовник, информираше Царинската управа.

Во првиот случај, при контрола на патната торба на македонски државјанин, кој пристигнал со лет од Истанбул, биле пронајдени девет килограми сребро во гранули, сместени во платнена торбичка. Непријавеното сребро е привремено задржано, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

Во вториот случај, при контрола на багажот на германски државјанин со потекло од Република Македонија, кој допатувал со лет од Белград, бил пронајден рачен часовник марка ROLEX. Непријавениот часовник е привремено задржан а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Треба да знаете
Последни објави