Намалена видливоста на патот Тетово – Попова Шапка

Поради магла намалена е видливоста од 30-40 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка , од селото Гајре до Лисец, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

АМСМ во редовниот извештај за состојбата на патиштата јавува дека сообраќајот се одвива без забрани, по влажни коловози, а во прекин во моментов е сообраќајот на регионалниот пат Крива Паланка – село Огут поради превртено тешко товарно возило.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ потсетува дека од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави