Мас: Русија да се придржува кон меѓународното право

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, денеска побара од официјалната Москва да се придржува кон меѓународното право и да го почитува суверенитетот на соседните земји.

Целта мора да биде Русија да се придржува до меѓународните правила и да не го нарушува територијалниот суверенитет на соседните земји”, посочи Мас, пренесува Ројтерс.

Претходно утрово рускиот претседател, Владимир Путин, остварил телефонски разговор со германската канцеларка, Ангела Меркел, и во оваа пригода изразил надеж дека Германија ќе влијае врз Украина во однос на ситуацијата со тесенцот Керч, со цел да се спречи Киев да донесе брзи одлуки, соопшти Кремљ по разговорот на светските лидери.

Треба да знаете
Последни објави