„Македонија блокира“ со бесплатен превоз ќе обезбедува масовност на саботниот протест

„Македонија блокира“ со бесплатен превоз од 10 градови ќе се обиде да обезбеди масовност на протестите што ќе се одржат в сабота пред Собранието. Струга, Охрид, Кичево, Битола, Прилеп, Кавадарци, Штип, Кочани, Карбинци и Крушево се градовите од каде што ќе поаѓаат автобусите. Организаторите на социјалните мрежи објавија и контакт-телефони каде ѓто заинтересираните треба да се пријават и информираат доколку сакаат да го користат превозот.

Од „Македонија блокира“ објавија дека сите присутни на протестот ќе добијат зелени елеци. Целта на протестот е распуштање на власта и избори, информираа од инцијативата.

Претставникот на „Македонија блокира“, Драган Угриновски, најави дека 84 партии и организации се вклучени во организацијата, а, пак, протестот ќе се одржи во исто време кога во Собранието ќе се гласа за уставните амандмани.

,,Македонија блокира” ја блокираше и границата со Грција, а секојдневно протестираат пред Собранието.

Треба да знаете
Последни објави