За еден ден во Скопје се случиле осум сообраќајни несреќи

Во текот на изминатот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои една сообраќајна незгода со тешки телесни повреди, четири сообраќaјни незгоди со телесни повреди и три со материјална штета, соопштија од МВР.

Како што наведуваат од полицијата во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и пет лица се здобиле со телесни повреди.

Од преземените мерки и активности, како што соопштија од полицијата констатирано е дека 25 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 11 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така, стои во соопштението на МВР, исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради неправилно престигнување и пет возачи поради непоседување на зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 65 мандатни платни налози и 70 возила се подигнати со специјално возило „пајак”, посочуваат од полицијата.

Треба да знаете
Последни објави